За Европската комисија Приштина е во Албанија?
Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2018
Европската комисија „ги обедини” Косово и Албанија, објави Б92, цитирајќи го косовскиот весник Коха Диторе.
Тоа е направено во календарот на претстојните комисии на комесарите на ЕУ.
Според извештајот, Комисијата објави дека комесарот на ЕУ за дигитална економија, Марија Габриел, ќе ја посети Приштина, Албанија на 12-ти октомври.
Пораката додава дека приштинските официјални претставници ќе се состанат со Габриел, додека за Приштина се вели дека е во Албанија.