За фамозниот мерцедес што го купи Груевски Владата набавува нови гуми
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2019
За блиндираниот луксузен мерцедес Владата набавува нови гуми за кои ќе потроши околу 3.300.000 денари.
Преку јавно достапната документација се е забележува дека за пневматици за блиндираното возило ќе се потрошат повеќе од 53.000 евра!
Премиерот ветуваше дека фамозниот автомобил ќе биде продаден а за истиот Груевски е осуден на затворска казна од две години.
Како што се наведува предмет на договорот е во два дела и тоа набавка на гуми за стандардни моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 700.000 денари и набавка на гуми за блиндирани моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 3.300.000 денари, додека пак вкупната сума на набавката е 4.720.000 со ДДВ или околу 77.000 евра.