14 Декември, 2024
0.0265

За фамозниот „надомест“ за пристап до мрежа ќе плаќаме и натаму по 200 денари, загубите на струја ќе не чинат 150 милиони евра следната година

Објавено во: Економија 13 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Фамозниот „надомест за пристап до мрежа“ ќе чини и следната година 200 денари за секое посебно броило што го имаат домаќинствата. Ова е дефинирано во одлуката за одобрување на приходите на ЕВН Електродистрибуција за мрежарина од страна на Регулаторната комисија за енергетика за 2025.

Давачката за пристап до мрежа беше воведена од 2024, а приходот што ќе го наплати ЕВН Електродистрибуција во 2025 од 927.438 приклучени е фиксен и изнесува 38,44 милиони евра за целата година, односно истата сума што беше предвидена и лани со објаснување дека тоа е „социјална мерка“ која повеќе ќе ги погоди поимотните.

На операторот за дистрибутивната мрежа, според одлуката за одобрување на приходите од страна на РКЕ, за втората категорија - загуби на електрична енергија, домаќинствата ќе му платат помалку на ЕВН Електродистрибуција. Предвидено е струјата што ќе ги надомести загубите да не чини 111,5 милиони евра и тоа да биде „поевтино“ за нешто повеќе од 11 милиони евра отколку што било програмирано лани.

Оваа струја треба да ја набави ЕСМ на тендер за ЕВН Електродистрибуција. Последните медиумски информации се дека од набавките е добиена просечна цена од околу 105 евра по мегаватчас за 2025 година, што би било исто како и лани. Сепак Регулаторната комисија во одлуката резимира дека нема јасен податок за тоа колку ќе чинат загубите во дистрибуцијата кои ќе се покриваат со струја од ЕСМ.

„Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје со Барањето не достави конкретни податоци за трошоци за набавка на загуби, поради фактот што не беа познати повеќе влезни податоци, како што е количината на електрична енергија на признати загуби одобрена од Регулаторната комисија за енергетика и цената за набавка на електрична енергија за покривање на загубите добиена во тендерска постапка“, наведува Регулаторот во одлуката донесена минатата недела.

Ако се оствари се како што планира „Регулаторна“, за делот за мрежарина во сметките за електрична енергија граѓаните ќе треба да платат вкупно 150 милиони евра, или 11 помалку одколку во 2024. Овој трошок за граѓаните е вкупен збир од „надоместокот за пристап“ и „струјата за загуби“.

Регулаторната комисија за енерегетика веќе објави дека цената на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти во сметките поради високопрофитното работење на оваа фирма-ќерка на ЕВН. Но крајниот епилог ќе зависи од цената која ќе ја наметне снабдувачот ЕВН Хоме во сметките, бидејќи и овде струјата ќе биде купувана од ЕСМ, а познато е дека во последен период државните електрани работат со високи трошоци. Крајниот резултат, според претходната најава на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, е дека струјата за домаќинствата ќе поскапи за еден отсто од 1 јануари.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

BLACK ROCK ДАВА СОВЕТ КОЛКУ ПАРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО БИТКОИН: Криптовалутата рамо до рамо сонајсилните – Nvidia, Amazon или Apple

BLACK ROCK ДАВА СОВЕТ КОЛКУ ПАРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО БИТКОИН: Криптовалутата рамо до рамо сонајсилните – Nvidia, Amazon или Apple

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

ГАЗДИТЕ ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ К-15: Koлку ќе изнесува годинава?

ГАЗДИТЕ ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ К-15: Koлку ќе изнесува годинава?

СВЕТСКА БАНКА: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

СВЕТСКА БАНКА: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“

Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод