За Хан никој не е совршен, но мора да се работи
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека на македонските граѓани им требаат добри услови, земја каде ќе живеат и работат, без да одат надвор.
Хан рече дека работат на тоа, и тоа се однесува не само за Македонија,туку за сите други земји.
Додаде дека никој не е совршен, но мора да се работи.
Хан е оптимист дека утре ќе има позитивен исход.