01 Септември, 2024
0.0291

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Обвинителството бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за второосомничениот член на Советот на јавни обвинители во врска со случајот за примање поткуп во кој осомничен е и врховниот судија Наќе Георгиев кој попладнево беше изведен пред суд за да даде исказ во врска со предлогот да му биде определена мерка притвор.

„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, информираа од ОЈО ГОКК.

Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на евентуална пресуда.

Мемети заедно со врховниот судија Георгиев се осомничени за примање награда за противзаконито влијание затоа што му ветувале на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев дека ќе му ја олеснат состојбата затоа што тој од март се наоѓа во притвор поради шверц со дрога.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на врховниот судија му определи мерка 30 дневен притвор.

Против ваквата одлука Георгиев има право на жалба пред Кривичниот совет.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести