За Иран Трамп е „средношколски насилник“ на кој Европа му попушта
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2020
Иран ја обвини Европската Унија дека попушта пред „средношколски насилник“, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските власти денеска кажаа дека не размислуваат за целосно повлекување од меѓународниот нуклеарен договор, затоа што со тоа би се изложиле на нови санкции.
„Иран не размислува за целосно повлекување од меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма потпишан во 2015 година со шесте нови сили од кој во мај 2018-та еднострано се повлекоа САД воведувајќи нови царини, бидејќи со тоа повторно би се нашол како тема на Советот за безбедност при ОН“, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.
Техеран од крајот на минатата година направи неколку фази на суспендирање на дел од своите обврски кои произлегуваат од договорот.
Трамп бара Техеран да преговара за нова Спогодба со која ќе се ограничи нуклеарната програма и ќе се стопира програмата за балистички проектили.
Петте останати членки на Спогодбата – Британија, Франција, Германија, плус Кина и Русија се заложија за одржување во сила на Договорот од 2015-та.
Администрацијата на Трамп се закани дека ќе воведе 25 процентни тарифи за увоз на европски автомобили ако Британија, Франција и Германија и формално не го обвинат Иран за прекршување на нуклеарната Спогодба.
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека Велика Британија, Франција и Германија го „продале остатокот“ од иранскиот нуклеарен договор (Заеднички сеопфатен план за дејствување) во замена за ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да неметне царини на европските автомобили, пренесе Тасс.