ЗА КАФЕТО ЌЕ ПЛАТИТЕ 40 ДЕНАРИ: Ова е најевтиниот град во Европа
Објавено во: Финансии 23 Септември, 2021
Aлбанскиот главен град Тирана е најевтин град во Европа.
За кафе тука треба да платиле 40 денари, а за две ноќевања 4.000 денари. Пост офис травел мани“ (Post Office Travel Money) ги спореди типичните трошоци за викенд-патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности. Барометарот за трошоци на градовите (City Cost Barometer) покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.000 денари. На второ место на скалата за најповолни европски градови се нашле Катовице на југот на Полска, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус. Во топ-10 најповолни градови за викенд-одмор се најде и главниот град на Хрватска – и тоа на седмото место. „Пост офис травел мани“ пресметал дека за викенд ви требаат 14.500 денари во Загреб.
фото Википедија