За какво обединување на Албанците сонува Еди Рама?
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2018
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека сонува за обединување на сите Албанци, но не во „голема Албанија”, туку во Европската унија и дека ЕУ треба да преземе стратешка одговорност за Западен Балкан.
Во интервју за Euronews, Рама вели дека негова уставна обврска е да ги штити сите Албанци, но додаде дека верува дека на Албанците, без разлика каде и да живеат, никогаш не им било подобро од сега.
„На Косово имаат своја држава. Во Македонија се дел од вистинска револуција во смисла на променување на пристапот кон албанскиот јазик и албанскиот народ. На југот од Србија се надевам дека ќе се подобрат нивните услови, со оглед на фактот дека Србите на Косово се третирани многу добро”- изјави Рама за Euronews.
За тоа дека неодамна најавил дека Албанија и Косово еден ден би можеле да имаат заеднички лидер, Рама вели дека не жали поради таа изјави, но дека му е жал за реакциите кои ги предизвикала изјавата бидејќи немал намера да даде „вознемирувачка изјава”.