28 Март, 2024
0.0282

За легализација на дивоградбите ќе се плаќа 150 отсто од комуналиите

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Оние граѓани што ќе сакаат да добијат имотен лист за своите бесправно изградени објекти, ќе го плаќаат целиот износ на комуналиите, плус 50 проценти како казна, или 150 отсто од сумата. Од давачката ќе бидат ослободени семејствата кои се под социјален ризик. Со ваков начин на легализација ќе се опфатат објектите изградени до октомври годинава. Новиот закон за легализација на дивоградбите уште се подготвува, но ова се веќе дефинирани детали. Законот треба прво да го помине владиниот филтер, а потоа да оди во Собрание на донесување. 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека со тој закон нема да може да се легализира се, но тие што имаат дивоизградени објекти и кои имаат поднесено барања според сегашниот закон, со кој се легализира по едно евро за квадрат, не треба да стравуваат, зашто постапките за нив ќе продолжат по старо, односно нема да важат новите правила. За легализација ќе може да се пријавуваат и граѓаните кои ги испуштиле роковите за доставување документација со сегашното законско решение.

Според Сугарески, засега не може да се процени колку нови барања за легализација ќе има затоа што не се знае колку граѓани не ги искористиле роковите со сегашниот закон. Тој ги отфрла забелешките дека со овој закон ќе се создаде урбанистички хаос и додава дека напротив, поради високата цена ќе сопре градењето на диво.

„Ги отфрлам шпекулациите дека со новиот закон ќе се направел тотален урбанистички хаос. Тоа не е точно и стојам зад тоа тврдење затоа што ќе има одредби што апсолутно го регулираат тој дел. Ако ги гледаме сите аспекти од 2017 година наваму, драстично е намален бројот на изградба и со ова треба да биде расчистена дилемата за утврдување на правниот статус на објектите - или ќе се легализираат тие што ги исполнуваат условите или ќе се уриваат. Нема секој секаде да може да легализира, таа теза со индигнација ја отфрлам“, вели Сугарески.

Министерот не знае колку нови барања за легализација ќе има, затоа што не се знае колку граѓани не ги искористиле роковите со сегашниот закон. 

Според Сугарески, проблемот со дивоградбите може да се реши зашто со законите се предвидени казни, а инспекторите имаат ингеренции. Тој ги повика општините да вработат онолку инспектори колку што им се потребни.

Директорот на Катастарот Борис Тунџев информира дека досега, со едно евро по квадрат легализирани се 245.544 објекти. Тој очекува со новиот закон да се направи посебен исчекор во легализацијата на инфаструктурните објекти.


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?