19 Април, 2024
0.0254

За Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 утре ќе се зборува во Кочани, а во петок во Богданци

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, наредните два дена ќе ја претстави Мерка 3 во градовите Кочани и Градско. Министерството ги поканува сите заинтересирани граѓани, претпријатија, (микро, мали и средни) и  заинтересираните задруги да дојдат и да се информираат околу инвестициите.

Средбата во Кочани ќе се одржи утре (28.01.2020) со почеток во 11:00 часот во Салата за совет при општината на градот.

Наредниот ден (29.01.2020), со мерка 3 ќе се запознаат заинтересираните во Богданци  во ресторанот „TP EVRI – RD.“ Средбата е закажана за 11:00 часот.

Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи. Прифатливи инвестиции со оваа мерка се: изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување на нови машини и опрема/инструменти, специјални транспортни резервоари и приколки и воспоставување на инфраструктура на на имотот на претпријатието.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023