За минималецот уште се преговара
Објавено во: Економија 03 Септември, 2019
Премиерот Зоран Заев за минималната плата денеска на прес-конференција изјави дека уште не е договорено колку ќе изнесува минималната плата со покачувањето.
Вели дека целта е да се создаде одржлива минимална плата. Заев вели дека треба платите да се зголемат, но тоа да биде одржливо за бизнисот. За висината на минималецот уште се преговара.