ЗА МЛАДИТЕ И ЗДРАВИ ЛУЃЕ: Вакцина против ковид дури во 2022 година
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2020
Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против новиот коронавирус.
Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица за вакцината.
„Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година“, рече Сваминанатан.
Таа предупреди дека, и покрај тоа што бројот на смртни случаи од коронавирус е намален на глобално ниво, расте бројот на пациенти кои се сместени на оддели за интензивна нега.