За неколку месеци Северна Кореја ќе ги нападне САД?
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2018
Директорот на ЦИА, Мајк Помпео вели дека најновиот извештај покажува дека само неколку месеци ја делат Северна Кореја од можноста да ги нападне САД со нуклеарно оружје.
За тоа колку време ќе помине додека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, биде во можност да ја погоди било која точка на САД, Помпео рече: „Неколку месеци“.
„Програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја продолжува да се проширува, подобрува, станува помоќна и посигурна“- вели Помпео.
Но, некои американски медиуми забележаа дека Помпео имал слични предвидувања и во октомври лани што, според нив може да значи и дека Пјонгјанг не направил голем напредок во овој поглед уште од минатата есен.
Oдносите меѓу САД и Северна Кореја не се добри со месеци, а навреди си разменија севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател, Доналд Трамп.