19 Април, 2024
0.0239

ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - досега се исплатени 68 милиони евра

Објавено во: Финансии 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемиот дел од штедните влогови на граѓаните во банките и штедилниците се осигурани во Фондот за осигурување депозити, кој во моментов има средства над законски утврдениот минимум, а оттаму велат дека имаат на располагање механизми за зголемување на премијата, доколку дојде до исцрпување на фондот за сигурност и се јави потреба за исплата на обесштетување, односно настане ризичен настан.

Податоците покажуваат дека вкупните депозити на населението кај членките на ФОД изнесуваат  4.860.000.000 евра, а заклучно со 31 декември осигурените депозити изнесуваат 2.478.896.103 евра, пишува МИА.

Согласно актуелното законско решение Фондот ги обесштетува осигурените депозити до 30.000 евра во денарска противвредност, оние над тој износ, како во случајот и со Еуростандард банка, се пријавуваат како побарувања од стечајната маса.

Заклучно со 28 февруари 2021 година Фондот за осигурување на депозити исплатил  близу 58.000.000 евра или 86,04 отсто од вкупната обврска за обесштетување на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај во износ од близу 68.000.000 евра.

„Сите депозити над овој износ согласно законската регулатива се пријавени како побарувања од стечајната маса на Еуростандард банка АД Скопје во стечај“, навеле од Фондот.

Вкупните парични средства во Фондот изнесуваат 4,9 отсто од вкупните депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилници во државата, што е над законски утврдениот минимум од 4 отсто. Доколку се случи да се намалат средствата под овој законски утврден минимум, имаат на располагање механизам за зголемување на премијата која ја наплатува од членките, која во моментот изнесува 0,25 отсто годишно од вкупните депозити во секоја банка, филијала на странска банка и штедилница.

Пред Уставниот суд денеска е иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, кој се однесува на обесштетување на штедачите во случај на стечај.

Одлуката ја чекаат оштетените штедачи од Еуростандард банка, кои утрово се собраа пред Уставниот суд.

Дозволата за работа на Еуростандард банка и беше одземена минатата година во август.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“