ЗА ОПСТАНОК НА УНГАРСКАТА НАЦИЈА: Вака Орбан ги мотивира мајките на 4 деца
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави серија мерки, како што се даночни олеснувања за семејствата, кои се дел од владините напори за зголемување на наталитетот против затегнетата имиграциска политика, објави Ројтерс.
Мерките вклучуваат проширување на програмата на државно субвенционирани кредити на семејства со најмалку две деца за купување дом или автомобил и намалување на даноците за жени кои ќе родат најмалку четири деца.
Орбан ги објави новите мерки за време на неговото традиционално годишно обраќање на нацијата.
„Ова е одговор за Унгарците, а не за имиграцијата“, рекол Орбан, како последица на илјадниците демонстранти кои се собраа на демонстрациите во Будимпешта, барајќи оставка од него.