За патниците од три земји има рестрикции за влез во ЕУ
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2022
За патниците од Аргентина, Австралија и Канада повторно има рестрикции за влез во ЕУ.
Европската унија(EУ) одлучи дека овие три земји треба да бидат отстранети од списокот на земји за кои рестрикциите за патување треба постепено да се укинат. Тие ќе бидат отстранети кога станува збор за патувања кои не се неопходни. Сепак, граѓаните на овие земји кои се целосно вакцинирани можат да бидат изземени од ова правило. Од денеска земјите на ЕУ имаат зелено светло за постепено укинување на рестрикциите за патување за следните држави: Бахреин, Чиле, Колумбија, Индонезија, Кувајт, Нов Зеланд, Перу, Катар, Руанда, Саудиска Арабија, Јужна Кореа, Арапски Емирати, Уругвај, како и за ентитетите Макао, Хонгконг и Тајван. Што се однесува до Кина ограничувањата се предмет на реципроцитет. Европската унија, врз основа на епидемиолошките податоци, двапати месечно го ревидира списокот на земји за кои треба да се воведат или укинат рестрикции за влез. Во цела Европа епидемиолошката состојба е лоша и тоа го покажа ковид мапата.