13 Август, 2020
0.0497

За Пендаровски македонскиот јазик е факт, додека Ангелов кажа кој е официјалниот став на Софија

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вели дека македонскиот јазик е факт и би било губење време да се убедуваме дали тој постои или не постои. 

Ова е неговиот одговор на тврдењето на Бугарската академија на науките дека македонскит јазик не постои, и дека тој е  „регионална форма на бугарскиот јазик“.

„Во Преспанскиот договор постои една одредба која се повикува на конференција на Обединети нации, не на некоја конференција организира тука меѓу нас, од 1979 година, во која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен. Навистина сметам дека би било губење време да се убедуваме во нешто дали постои или не постои, исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира и да потпишува договори со кој било“, рече Пендаровски.

Два дена по ставот на БАН дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, официјална Софија пак преку амбасадорот во земјава, Ангел Ангелов, се огради од ставот на бугарските академици како официјален став на Бугарија.

„Мислам дека тука сме за друг повод, но официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на парламентот. Така што, поофицијален став од тој нема“, вели Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија.

Премиерот Зоран Заев вели дека владата уште гради став каков тип реакција ќе упати до Софија.

„Рековме дека ќе реагираме, но сите реакции не се во делот на протестна нота, може да биде и во форма на повикување на амбасадорот“, вели Заев. 

Заклучокот на Бугарската академија следеше по Собранието на членовите на МАНУ кои на 3 декември усвоија Повелба за македонскиот јазик во која изнесоа научно признати факти за јазикот. Претходно пред два месеца бугарскиот Парламент донесе Декларација во која постави низа услови и закани за блокада на членството на Македонија во ЕУ, барајќи да не смее да се употребуваат поими „македонски јазик“ и „бугарски фашистички окупатор“.

Можеби ќе ве интересира

Талат Џафери свика седница за избор на претседател на Собранието

Талат Џафери свика седница за избор на претседател на Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски утре ќе му го даде мандатот на Заев, а Еуростандард банка ќе оди во стечај

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски утре ќе му го даде мандатот на Заев, а Еуростандард банка ќе оди во стечај

Женско тело е извадено од водите на реката Пчиња

Женско тело е извадено од водите на реката Пчиња

Кривични за скопјани кои славеле во време на пандемија

Кривични за скопјани кои славеле во време на пандемија

Кои градови се со најмалку активни случаи?

Кои градови се со најмалку активни случаи?

Кои скопски општини имаат повеќе од 100 заразени со Ковид -19?

Кои скопски општини имаат повеќе од 100 заразени со Ковид -19?

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

Филипче: Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик aко училиштата целосно се отворат

Филипче: Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик aко училиштата целосно се отворат

ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ - 139 нови случаи, охриѓанец ја изгуби битката со короната

ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ - 139 нови случаи, охриѓанец ја изгуби битката со короната