За плус една третина се зголемува „армијата“ комуналци за почисто Скопје
Објавено во: Економија 09 Август, 2018
Град Скопје планира да ја „светне“ престолнината со генералка, судејжи според огласот, преку кој за 1,55 милиони евра се бара работна сила на чистачи ангажирани за една година.
Пресметката е дека времените вработувања треба да додадат дополнителна една третина на веќе постоечкиот кадар во службите, па според тоа се очекува главниот град на Македонија да биде многу почист за разлика од сега.