27 Септември, 2024
0.0360

За прекини во снабдувањето со струја ќе може да си барате обесштетување

Објавено во: Економија 24 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Специјална комисија составена од три члена ќе биде задолжена за обесштетување на производители и потрошувачи на електрична енергија доколку операторите не се согласни со барањето за надомест на штета што ќе го поднесат потрошувачите или производителите.

- Секој потрошувач доколку смета дека имал намалена (без соодветен квалитет) или немал испорака на електрична енергија поради што претрпел каква било штета може да започне постапка за обесштетување пред операторот на електродистрибутивниот систем или пред операторот на преносниот систем. Во таа постапка треба да наведе и проценка на штетата. Доколку операторите не се согласуваат со барањето што го поднеле потрошувачите тогаш комисија составена од еден претставник од потрошувачот, еден претставник од операторот и еден вештак од Комората на вештаци ќе одлучи и ќе оцени колкаво треба да биде обесштетувањето, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница.

На подготвителната седница, додаде, ќе бараме кај операторот на електродистрибутивниот систем да има посебна служба што ќе работи на оваа проблематика и на одговорното лице за обештетувањето на потрошувачите да му се гарантира дека не може да го изгуби своето работно место доколку донесе одлука во корист на потрошувачот.

- Секој потрошувач ќе има и право на стандарден надоместок на штета, односно намалување на цената за користење на мрежата за 10 проценти доколку прекинот бил до 12 часа, а за секои наредни 20 часа ќе се зголемува за дополнителни 10 проценти, во случај планиран прекин објавен во медиумите да трае подолго од предвиденото и повеќе од 12 часа, изјави Бислимовски.

Право за надмосток ќе имаат и производителите ако прекинот трае повеќе од пет часа.

- Тие ќе треба да поднесат барање за обесштетување до операторот на електродистрибутивниот систем и за таа цел ќе се формира комисија составена од еден претставник на производителот, еден од операторот на системот и еден вештак од Комората на вештаци. Доколку бил повластен производител за обесштетување ќе се земе  предвид повластената цена, а доколку не е, ќе се зема цената по која продава на слободниот пазар. Тоа ќе се множи со  количината врз основа на претходното седумдневно производство, појасни Бислимовски. 

Граѓаните, додаде, ќе можат да побараат од Државниот технички инспекторат да изврши соодветно мерење за да го утврди квалитетот на снабдувањето, односно колкави се напонот и фреквенцијата на електричната енергија што ја добиваат. Тие и самите можат да забележат кога имаат осцилации во снабдувањето, односно намалена испорака, и да почнат постапка за обесштетување. Во постапката за обесштетување ќе може да се утврди  дали недоволниот квалитет на испораката на електрична енергија бил причината за да се расипе некој уред. Тоа ќе треба да го констатира комисијата доколку операторот на системот не ја прифати својата грешка и не му исплати соодветен надомест на потрошувачот. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела