За претседател на Русија се гласаше и од вселената
Објавено во: Свет 18 Март, 2018
Астронаутот Антон
Шкапљеров гласаше на претседателските избори во Русија преку стапување во
контакт со Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија.
„Одзивот од бродот на Меѓународната вселенска станица е 100 отсто“, објави ЦИК
Во трката учествуваат осум кандидати. Русите може да ги бираат Сергеј Бабурин,Владимир
Путин, Павел Грудињин, Владимир
Жириновски, Ксенија Собчак, Максим Сурајкин, Борис Титов и Григориј Јавлински. Фаворит е сегашниот претседател Владимир
Путин, поддржан од 80 отсто од гласачите.