19 Април, 2024
0.2106

За продолжениот викенд имало повеќе тепачки низ државата

Објавено во: Македонија 03 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во текот на продолжениот викенд имало повеќе тепачки низ државата. 

Во с.Стајковци, скопско вчера по 20 часот, полицајци ги уапсиле П.В.(28), З.В.(53) и М.В.(23) сите од Стајковци, постапувајќи по претходна пријава од Т.В.(51) од с.Стајковци дека по претходно недоразбирање и расправија пријавените го нападнале.

Истиот ден во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Г.(30) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во близина на трговски центар на бул. „Кочо Рацин“ додека бил заедно со М.Д. по претходна расправија физички го нападнале неколку лица со стаклен предмет. 

Утрово во 2.30 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(34) од Скопје пријавил дека вчера околу 19.30 часот додека бил на неговото работно место во угостителски објект на бул. „Борис Трајковски“ по претходно недоразбирање тој и неговиот колега З.Т., неколку лица, гости во објектот физички ги нападнале. 

Вчера околу 15.20 часот во СВР Скопје, С.К.(63) од с.Виниче, скопско пријавил дека околу 14.00 часот на ул.Трајче Здравковски по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Ж.З.(64) и Д.З.(39) двајцата од Скопје. 

Вчера во 13 часот во СВР Куманово, А.В.(33) од с.Билановце, кумановско пријавил дека на 01.08.2020 околу 19.30 часот на ул. 2 во населба „Бабин Дол“ во Куманово тој и К.В. по претходно недоразбирање се физички нападнати од две лица.

Вчера околу 17.05 часот во Полициска станица Кратово е пријавено дека на место во атар на с.Шопско Рударе, кратовско е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С. од една страна и Д.Ј. и З.Д. од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 03.08.2020 во 01,45 часот во Полициска станица Македонски Брод е пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.Димитар Влахов по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(25) од с.Брест од една страна и М.С.(20) од Македонски Брод и Л.С.(20) од с.Белица од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 22,30 часот во СВР Штип, З.Д.(50) од Штип пријавил дека на автобуска постојка на ул. Железничка во Штип бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10,45 часот во Полициска станица Кочани, С.Н.(66) од с.Теранци, општина Чешиново-Облешево пријавил дека на 01.08.2020 околу 22,00 час во куќа во негова сопатвеност во с. Теранци бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга В.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 20 минути по полноќ во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека на 02.08.2020 околу 23.30 часот пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот откако претходно Б.В. со секира го повредил Д.З. 

Се преземаат мерки за расчистување на случаите. 

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо