29 Март, 2024
0.0392

За продолжениот викенд во Охрид се собрани над 3.000 метри кубни смет

Објавено во: Македонија 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

За време на продолжениот викенд, Охрид беше преплавен со домашни гости, при што имаше критики за фрлање на отпадоци на јавни површини.

Во текот на три дена, собрани се над 3.000 метри кубни смет. Туристите беа немилосрдни кон Охрид.

Од Јавното претпријатије „Охридски комуналец“ велат дека на 1, 2, и 3 август собрале 3.295 метри кубни смет, што е голема количина и нешто невообичаено за овој период од годината, во екот на туристичката сезона.

„Најголема количина на смет е собрана на 3 август. На 1 август се собрани 1.033 метри кубни смет, на 2 август 988 метри кубни, а на трети август се собрани 1.272 метри кубни смет. Ова е голема количина ако се земе в предвид дека лани во август сме собирале околу 700 до 750 метри кубни смет дневно. За да градот биде чист работиме во три смени“, додаваат од „Охридски комуналец“.

Отпадоци имало на најпосетуваните локации, по парковите, на кејот на езерото, на шеталиштата, на атрактивните места во стариот дел на градот.

Граѓански здруженија, младите ентузијасти, активисти, се вклучија во активности за расчистување на градот.

„Едноставно бев без коментар. По 30 години активности, јас се чувствувам како да сме во 90-те. Тоа треба да се казнува, парично. Луѓето организирано доаѓаа на плажа, фрлаа отпадоци, така што лесно е нив да ги „уловат“ комуналните инспектори. Да нема толеранција, затоа што во Австрија и Германија не прашуваат дали имаш пари, туку казнуваат“, велат од еколошкото друштво „Грашница“.

Додаваат дека во летниот период и еколошките друштва можат да помогнат да се одржува хигиената на јавните места, посебно покрај езерото.

„Има начин, работите треба да се решаваат, но треба волја“, наведуваат од ова друштво.

И од локалната власт реагираа за ниската еколошка свест на граѓаните.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“