29 Март, 2024
0.0334

За прв пат Грција нема да не блокира некаде

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Грција ја направи првата официјална отстапка која била договорена уште при средбата на премиерите Заев и Ципрас на Светскиот економски форум во Давос. 

Затоа за прв пат по десетина години Грција нема да не блокира во зачленување во стратегијата на Европската Унија за Јадранско–јонскиот регион (EUSAIR), а дописот до комесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан веќе го испратил алтернативниот грчки министер за надворешни работи оргос Катругалос.

Од Министерството за надворешни работи на Грција потсетуваат дека во иницијативата се вклучени Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а соработка се реализира преку четири столба кои се однесуваат на синиот раст, односно растот во морските и поморските сектори, поврзувањето, односно транспорт и енергетика, животна средина и туризам.

Следниот знак на добра волја или симбол на градење доверба меѓу двете земји ќе биде грчката поддршка за вториот пакет на мерките од Спогодбата за асоцијација и стабилизација на ЕУ со Република Македонија иако секако од нивна страна и натаму ќе биде користена референцата ФИРОМ.

Од Македонска страна веќе беа повлечени имињата на меѓународниот автопат и аеродром кои го носеа името на Александар Велики, во Грција се гледа и остранувањето на споменикот на Ќосето, а се очекуваат и други гестови на дипломатијата кои покажуваат добра волја. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење