За прв пат по долго време Банско не е најевтино зимувалиште во Европа, италијански центар му го зема приматот
Објавено во: Економија 18 Декември, 2018
Зимувањето во Бердонекија во италијанските Алпи моментално е најевтиниот избор за презимување во Европа.
Според Post Office, центарот на самата италијанско-француска граница го освои првото место кога станува збор за семеен зимски одмор за период од шест дена, со трошоци кои се покриени за пат, ски-лифт, ски-училиште, храна и пијалаци за двајца возрасни и две деца.
За прв пат во последните 12 години, Бардонекија се најде на прво место каде што трошоците за четворица се 1.600 долари. Идеален е семејства кои се почетници во скијање, поради големиот број на пристапни училишта за деца.
Во исто време, во Банско, цените во зимски центар во Бугарија се зголемија оваа година за 18 отсто, така што ски-рисорто се најде на второ место. На трето место е Сестриере, исто така во Италија, каде на четиричлено семејство му требаат 1.800 евра за шест дена.