20 Април, 2024
0.0271

За прв пат по подолго време купена механизација за чистење снег на патиштата

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Покрај редовните трошоци за одржување на магистралните и регионалните патишта, „Македонија пат“ за три милиони евра за товарни моторни возила опремени со специјална опрема за чистење на снег за прв пат по подолго време купи механизација за зимско одржување.

Од две добиени понуди, „Технокомерц“ го доби тендерот со најниска понуда, а сумата е прецизирана на 177.000.000 денари. Станува збор за 15 кипер камиони со специјална опрема за чистење на снег. Еден вреди 10.000.000 денари без ДДВ.

Моторната зафатнина на возилата ќе биде 11.000 сантиметри кубни, а максималната тежина 26 тони. Ќе бидат опремени со ретардер, АБС, клима уред, помош при кочење и круз контрол. Минималниот стандард кој ќе го задоволуваат е Еуро 5. Ќе има автоматски менувач со 12 брзини напред и 3 назад. Плугот треба да е изработен од високо квалитетен челик, а расфрлувачот на сол треба да е контролиран од кабината.

Треба да бидат испорачани за 60 дена, а гаранцијата да биде 12 месеци. Исплатата ќе биде одложена на 180 дена од приемот на механизацијата. Јавното претпријатие со години наназад ангажира приватна механизација за расчистување на снежните наноси на патиштата, а и редовно се жали дека онаа што е во нивна сопственост е амортизирана, односно дека често се трошат високи суми за набавка на резервни делови и поправки.

Јавното петпријатие за заштита и одржување на магистралните и регионални патишта по подолго време ќе има можност да има своја нова механизација, а за тоа веќе доби три милиони евра од Владата, па затоа единствената дилема е зошто се купуваат со одложено плаќање.

Парите во износ од 180 милиони денари кои на крајот од минатата година Владата објави дека ќе ги префрли како државна помош за ЈП Државни патишта, се всушност пари кои од таму треба да се најдат на сметката на поранешна „Македонија пат“, во чии надлежности меѓудругото е да работи и на зимско одржување на патиштата.

- Од 22.12.2020 одобрени се средства во износ од 180.000.000 на ЈП за државни патишта наменети за набавка на механизација за одржување на минимум стандарди на инфраструктурата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, велат од ЈП Државни патишта.

Од таму додаваат дека средствата се префрлени од државниот буџет за 2020 на крајот на годината на посебна наменска сметка на ЈП за државни патишта и се пренесуваат за 2021, а ќе се користат наменски според одлуката.

Инаку поранешно ЈП Македонија пат веќе неколку години по ред бара од Владата помош за набавка на нови машини и возила. Во последниот извештај вели дека недоволната и неквалитетна механизација влијае на негативниот финансиски извештај со својата амортизација.

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кој инаку годишно од својот буџет одобрува по околу 10 милиони евра за „Македонија пат“, на 30 декември ја доби исплатата од 180 милиони денари како државна помош.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?