За прв пат во историјата, Македонија со 30-годишна обврзница
Објавено во: Финансии 24 Април, 2018 14:16
Првпат на македонскиот пазар на капитал денеска е издадена државна обврзница со време на достасување од 30 години. Продадена на сума од една милијарда и 200 милиони денари или 19,5 милиони евра, што претставува половина од побарувачката од страна на инвеститорите. Каматна стапка е 4,85%, соопшти Министерството за финансии.
Ова, како што наведуваат од Министерството, е сигнал за довербата на инвеститорите во македонската економија, бидејќи зголемената рочност, односно време за враќање на средствата, укажува на зголемена доверба.
Големата доверба, посочуваат, се покажа и преку двојно поголемата побарувачка на инвеститорите за 30-годишната обврзница во однос на понудениот износ од Министерството за финансии.
Македонија, покрај Словенија, е единствената земја во регионот која издала 30-годишна обврзница. Најблиску до оваа рочност во регионот дошле членките на Европската унија – Бугарија која издала 20-годишна обврзница и Хрватска каде најдолг рок на кој е издадена државна обврзница е 13 години.
Обврзници со достасување од 30 години имаат земји како Германија и САД. Обврзница со највисока рочност има издадено Австрија, односно 100-годишна обврзница.
– Македонската економија е повторно на вистинска патека. Економските показатели укажуваат на нејзино раздвижување. Безусловната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, добрата фискална политика и подобрувањето на изгледот на кредитната агенција „Фич“ за Македонија, доволно говорат за патот по кој се движиме. Врз основа на сето ова може да излеземе на пазарот со инструмент како 30-годишна државна обврзница, кој укажува на силна доверба од инвеститорите. Таа исто така е показател дека македонската економија веќе се стреми кон повисоко ниво, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.
Инвеститори во 30-годишната обврзница се приватните пензиски друштва и осигурителни компании.
– Имајќи ги предвид обврските на фондовите, целите кон кои е насочена инвестициската стратегија и возраста на членството на фондовите, инвестирањето во 30-годишна обврзница е од најдобар интерес на нашите членови и остварување на нивните долгорочни цели. Макроекономската стабилност и позитивните очекувања за долгорочен раст, дополнително даваат поткрепа на одлуката за инвестирање во овој инструмент, истакнуваат од КБ Прво пензиско друштво.
Издавањето на трисетгодишната државна обврзница го поздравува и НЛБ Нов пензиски фонд. – Како друштво за управување со пензиски фондови, во рамките на размената на идеи со Министерството за финансии, претходно ја истакнавме потребата од издавање обврзници со поголема рочност, која ќе одговара на рочноста на обврските по основ на пензии за членовите на пензиските фондови со кои управуваме. Со инвестирање на дел од средствата во овој инструмент за членовите се обезбедува стабилен долгорочен принос што претставува дополнителен квалитет за портфолијата на пензиските фондови. При управувањето со средствата на нашите членови секогаш се водиме од принципите за најголема сигурност и квалитет во рамки на законските можности и дозволени инструменти за инвестирање, велат од НЛБ Нов пензиски фонд.
Според Министерството за финансии, покрај довербата, издавањето долгорочни хартии од вредност го намалува ризикот на рефинансирање на јавниот долг. Така, ако во март 2012 година 92 отсто од издадените државни хартии од вредност биле краткорочни, а осум проценти се со поголема рочност, во март 2018 овој сооднос е 40 проценти краткорочни наспроти 60 отсто долгорочни хартии од вредност.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





