За Русија стануваме Северна Македонија
Објавено во: Македонија 18 Март, 2019
За Русија станавме Република Северна Македонија.
Руската федерација го прифати новото име на нашата земја и од денеска ќе ни се обраќа како Република Северна Македонија.
Руската амбасада во Скопје на 19 февруари добила белешка од Министерството за надворешни работи на Владата во Скопје за новото име на државата.
„Последично, Москва ја признава земја под новото име: „Република Северна Македонија", се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
На официјалниот сајт на руската амбасада во Скопје засега стои дека сме Република Македонија.