27 Септември, 2024
0.0362

„За само 100 дена Владата ја закопа и последната надеж дека тука некогаш подобро ќе се живее“: Филипче со остра реакција за преговорите со ЕУ за членство

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber



Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата, но пред се, ова, како што кажа, е огромна катастрофа за иднината на граѓаните.

Ова го истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче по информациите дека Албанија ќе продолжи со преговорите, додека нашата земја и понатаму останува во чекалната на Европската унија. 

За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на граѓаните им сервираа изборна измама. Преку куп лаги и манипулации тие се обидоа да ја затскријат вистинската намера. 

А вистинската намера е дека ниту имаат план, ниту сакаат државата да напредува и да се развива во Европската Унија. 

Велеа, планот ќе се соопштел откако ќе победат на изборите. Па еве денес, откако доживеавме тежок пораз, ги прашуваме, кој е планот? 

Кои се роковите на планот ако воопшто го има? До кога ќе бидете фиктивна опозиција во државата и нема да преземете одговорност и чесно да кажете што ќе се случува со оваа земја? - праша Филипче на денешната пресконференција.

Според него „сега Македонија останува изолирана, без јасен план и стратегија како ќе продолжиме напред“.

- За само 100 дена владата ја закопа и последната надеж дека тука некогаш подобро ќе се живее. Осиромашена, безнадежна, внатрешно раскарана и раселена. Ова е планот на ВМРО ДПМНЕ за иднината на Македонија. Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата додека сите на плаши од некакви идни блокади. Владата на ВМРО сака да се откажаме од плановите за евроинтеграции. Оваа е Влада која само се жали, бара оправдување и потикнува параноја - истакна Филипче. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања