20 Април, 2024
0.0396

За само шест месеци, 70 луѓе го загубиле животот во сообраќајки

Објавено во: Македонија 25 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во првите шест месеци од тековната година, 70 граѓани го загубиле животот на патиштата низ Македонија, во сообраќајни незгоди.

Според податоците од СВР Скопје, минатата 2018 година, во текот на целата година, вкупниот број на жртви од сообраќајни незгоди е 118.

За Форумот за граѓански активизам, 2019 година за Македонија е најцрна година на патиштата и потребни се итни системски промени. Статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се консатитира, велат од Форумот, дека 2019 година е најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.

– Само на пример за споредба, во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 проценти во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 проценти, појаснуваат од Форумот за граѓански активизам.

Оттаму посочуваат дека постојат само декларативни заложби, но намален интизитет на активности и реформи и никакви суштински и системски промени.

– Институционалните промени треба да бидат координирани, а пред се насочени кон реформа и зајакнување на легислативата од страна на Министерството за внатрешни работи, вложување во инфраструктура и изградба на модерни патишта од страна на Министерството за транспорт и врски, побрз одговор при случена сообраќајна незгода од страна на Министерството за здравство и конечно формирање на водечко тело за подигнување на безбедноста на патиштата кое треба да биде грижа на Владата на Република Северна Македонија, повикуваат од Форумот за граѓански активизам, пишува МИА.


Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд