29 Март, 2024
0.0248

За што Тито се покајал, открива неговиот внук Јошка

Објавено во: Балкан 07 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Внукот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито открил што му рекол дедо му пред смртта и каде е погребан.

Јошка Броз, раскажал што му признал неговиот дедо и за што верувал Тито дека му е најголема грешка.

„После првата операција го прашав Тито која му е најголема грешка, а тој рече „Тоа што го пуштив Уставот од 1974 годоина. Десет дена стоеше кај мене на маса затоа што не го потпишував. А, тој Устав беше почеток и крај на Југославија и партиите и републиките“. Ми рече тогаш дека не сакал да го потпише, а на моето прашање зошто не му ставил вето рече: „Јас како демократ не сакав да дозволам да бидам надгласан во Собрание. А, можев да ставам вето. Грешка беше што не ставив. Мика Шпиљак и Киро Глигоров го потпишаа Уставот, а целата приказната ја протуркаа Кардељ и Стева Крајачиќ. Стева Крајачиќ е човек кој работеше од позадина во сенка, кој го намести Ранковиќ и многу други. Успеа да го скара Тито со најблиските луѓе, а еве како. Доаѓа и вели: „Марко, слушај треба кај Тито да се постават некои уреди. Години се во прашање, знаеш дека може нешто да му се случи, а ние да не видиме. Просто да имаме контрола“, вели Јошко.

Внукот на Тито рекол и дека еден дел и Јованка е виновна за тоа што подоцна таа и Тито се разделиле.

Вели дека приказната дека Јованка беше жедна за власт е лага. 

„Таа него исклучително многу го сакаше и во еден момент таа љубов премина во параноја. Таа сакаше него да го заштити. Во таа желба претеруваше со многу работи. Така дојде и до оној список на генерали кои таа го направи со Јовановиќ за да бидат најблиско обезбедување за да го заштитат Тито. Тој многу ја сакаше Јованка и тој никогаш официјално не се разведе од неа. Тој ѝ велеше дека таа треба да се грижи за домот и вработените, а не за политиката. Имаше голем притисок Јованка да не присуствува на погребот и да не се погреба покрај него. Јас велев дека она има право на тоа, бидејќи му беше законска жена. Живееше под тортура, само за да не го објави сето она што го знаеше“, вели Јошка.

Јошка ги демантираше приказните за смртта на Тито. Рече дека тие приказни дека тој не е погребан во Куќата на цвеќињата и дека не починал на 4. мај, туку два месеци претходно се глупости. 

„Дедо ми умре тој 4-ти мај. На 3. мај вечерта веќе му паѓаа очните капаци. Почнаа да се мрдаат. Ги прашав докторите и тие ми рекоа дека тоа е последен рефлекс. Тито беше ставен во метален сандак кој е заварен. Не се двоев од тој ковчег до погребот. Кога беше завршен последниот дел од погребот не беше ставена плоча. После, ноќта во 2 часот дојде дизалица и таа плоча од девет тони ја стави, па дури тогаш заминав дома“, рече внукот. 

Демантира дека дедо му бил масон. 

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува