28 Март, 2024
0.0256

За транзиција кон „Зелениот договор“ потребен е технички и финансиски план

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ЕВН целосно ја поддржува транзицијата на енергетскиот сектор и спроведувањето на „Зелениот договор“ во земјата и дава свој конкретен придонес. Но, за да го реализираме успешно овој процес не е доволно да имаме само цел, неопходно е да имаме и план и тоа на две нивоа, технички и финансиски, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, на конференцијата „Мапирање на енергетската иднина – 2021“, што денес се одржа во Скопје.

Главната тема на конференцијата е имплементација на „Зелениот договор“ на Европската унија, со кој се предвидува до 2050 година да се постигне целокупната енергија да доаѓа од обновливи извори.

На панелот посветен на „Сеопфатен пристап на транзицијата кон чиста енергија“, Петер истакна дека ако сакаме да ја исполниме оваа цел и да ги имплементираме чекорите за транзиција на енергетскиот систем кон принципите на „Зелениот договор“, покрај прецизен технички и финансиски план, потребна е и подготовка на мрежата, која е стара повеќе од 100 години и нема можност за двонасочност, со што енергијата само се испорачува до корисниците, но тие не можат да ги вратат и продадат вишоците што ги создаваат.

Покрај другото во рамките на своето излагање, Петер подвлече: „Транзицијата кон енергија добиена од вода, сонце и ветар е важен процес, за кој требаат сериозни финансиски средства и уште веднаш треба да почнеме да работиме на соодветно информирање за сите аспекти од овој сложен процес, бидејќи цената за неговата реализација ќе ја платиме сите. Притоа треба да внимаваме и на создавање на систем кој ќе се базира на балансирана енергија, бидејќи неопходна ни е континуирана одржливост. Имено, јас сакам да готвам и да гледам ТВ и кога не дува ветар, а за тоа треба да се обезбедат балансирани извори на енергија“.

Имајќи го предвид искуството на ЕВН во повеќе земји, компанијата веќе реализираше неколку проекти кои создадоа солидни предуслови за оваа голема транзиција. Компанијата работи на зголемување на свеста за енергетска ефикасност, а е една од првите компании која создаде инфраструктура за поголемо користење на електричните возила во земјата. ЕВН изгради систем на 50 електрични полначи, кои овозможуваат поголема електро мобилност во земјата.

Покрај Петер, на панелот насловен „Сеопфатен пристап на транзицијата кон чиста енергија“ зборуваше и генералниот директор на „ЕСМ“ Васко Ковачевски, кој ги престави проектите за користење на обновливи извори на енергија со што ќе се придонесе кон исполнување на критериумите на „Зелениот договор“, а на долг рок ќе ѝ обезбеди на земјата енергетска независност.

Директорот на МЕПСО зборуваше за реализираните и планирани проекти во делот на транзитната високонапонска инфраструктура и поврзувањето со соседните земји, во насока на градење на поголем број на енергетски коридори.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село