За Вучиќ изјавата на Изетбеговиќ е сериозна и ќе има последици
Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2017
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека изјавата на бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговија, Бакир Изетбеговиќ, за признавање на независноста на Косово ќе има далекусежни политички и правни последици.
„Некои мислат дека Србија не е доволно прегазена и понижена и оти само прегазената и понижената Србија е добра Србија“- изјави Вучиќ за Deutsche Welle (DW) коментирајќи ја изјавата.
На директното прашање за тоа „дали БиХ, во одреден момент, ќе го признае Република Косово“, Изетбеговиќ одговорил со „Се надевам – да“. Според вторничните забелешки, наводно повеќето белградски медиуми во првите извештаи не ја цитирале така неговата изјава, премолчувајќи го „се надевам“.
„Тоа интервју комплицира многу нешта во регионот“- изјави Вучиќ.
Вучиќ вели дека доколку би изјавил дека треба да се признае независноста на Република Српска, би завршил во Хаг.
Вучиќ најави дека Србија сето тоа сериозно ќе го согледа и ќе дада одговор, сугерирајќи дека е јасно дека треба да се потпре на соопствените сили, бидејќи, како што вели, „нема да ја имаме поддршката од меѓународната заедница. Оцени дека изјавата на Изетбеговиќ е „посериозна отколку што некој во Србија во моментов тоа може да согледа“.