„За заедничка Македонија“ бара нови избори и попис на населението-најавува одбивање на плаќање сметки и даноци
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2017
За 71-ви пат во Скопје вчера се одржа протест на Граѓанското здружение „За заедничка Македонија“. Учесниците во него побараа спроведување на нови предвремени парламентарни избори и попис на населението. „Не се откажуваме од нашите барања. Можно е да повикаме и за различни манифестации на граѓански протест - одбивање да се плаќаат сметки и даноци“, соопшти еден од лидерите на здружението Борис Дамовски.
Денес, на денот на Европа 9-ти мај, протестот ќе се одржи пред претставништвото на ЕУ во Скопје.
Претседателот Ѓорге Иванов пак нема намера да доделува мандат за составување на влада додека во Службен весник не бидат објавени информации за изборот на новиот претседател на парламентот, Талат Џафери, одлука што би требало денес да биде објавена. Од администрацијата на парламентот ги испратија информациите пред пет дена. Самиот Џафери изјави дека нема да закаже нова седница на парламентот додека Иванов не му врачи мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕв го смета изборот на Талат Џафери за незаконски и спротивно на Уставот и Правилникот за работа на парламентот.