За жените, во бројки!
Објавено во: Свет 08 Март, 2019
Статистиката е број, ама бројките се непобедливи ако треба да се факти. А тие се поразителни кога жените се во прашање. Организацијата на Обединетите нации низ бројки ја покажува позиционираноста на жената во светот.
Еве ги бројките:
Во 143 земји од 195 и уставно се гарантира еднаквоста меѓу жените и мажите, но секако се уште во многу земји тие не ја уживаат еднаквоста.
Зошто?
Жените заработуваат од 10 до 30 отсто помалку во однос на мажите.
Мажите се декларирани како глава на семејството во 29 од 143 земји
Повеќе од 60 отсто од младите и возрасните во светот кои се полуписмени или неписмени се жени.
Во 26 од 143 земји има регулатива која вонекој дел ги дискриминира жените.
Една од три жени во светот биле физички или психички малтретирани од својот интимен партнер.
Само 22 отсто од парламентарните места во светот ги имаат жени.
фото: un.org