09 Декември, 2025
0.0481

За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2025 06:30

Добивај вести на Viber

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени, објави метеорологот Славчо Попоски.

Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните  и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла  и на ниска облачност  и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.

Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла  и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.

Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени  и на планинските места.

Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима  и за снег и понатаму ќе си чекаме“, напиша тој.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно

ВИДЕО: „ОКАПАА“ НА ЕВЗОНИ И ДОЈРАН: Километарска колона синоќа за влез во земјава

ВИДЕО: „ОКАПАА“ НА ЕВЗОНИ И ДОЈРАН: Километарска колона синоќа за влез во земјава

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува