14 Јули, 2020
0.0403

ЗАБОРАВЕТЕ НА ЛЕТАЊЕ СО WIZZ AIR - тие што резервирале или ваучер или враќање на парите

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2020

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна  и Источна Европа, денес најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 14 - ти јуни. 

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 

Нив 120 отсто од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. 

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 отсто поврат на сумата. 

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, работи со флота од 121 Airbus A320 и A321 авиони, е една од најмладите авионски флоти во светот и нуди повеќе од 710 рути од 25 бази, поврзувајќи 154 дестинации низ 45 држави. Тим од професионалци се задолжени за беспрекорна услуга и многу ниски цени, што го прави Wizz Air да биде првиот избор на 40 милиони патници во последните 12 месеци.

Можеби ќе ве интересира

ЗА КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ: Се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса

ЗА КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ: Се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса

Пандемијата остави 147 милиони луѓе без работа

Пандемијата остави 147 милиони луѓе без работа

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ПАЃА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Барел се тргува за помалку од 40 долари

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ПАЃА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Барел се тргува за помалку од 40 долари

Во Дубровник двојно поевтино од лани, но туристи нема

Во Дубровник двојно поевтино од лани, но туристи нема

ИМ ТРЕБААТ 16.000 СЕЗОНЦИ: Невработените Финци ја „спасуваат“ реколтата

ИМ ТРЕБААТ 16.000 СЕЗОНЦИ: Невработените Финци ја „спасуваат“ реколтата

Во Македонија во мај само 838 туристи

Во Македонија во мај само 838 туристи

Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Нина Ангеловска: Прифатени 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

Нина Ангеловска: Прифатени 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат

Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат