20 Април, 2024
0.0267

Забрана за работа само за три компании, за останатите молк од институциите

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Минатата недела државниот пазарен инспекторат констатираше низа неправилности во увозот на мазут и нафтени деривати кај седум македонски компании.

Станува збор за компаниите „Супертрејд“, „Евротим“, „Пертинакс“-Скопје, „Ли-оил ДБ“ Кавадарци, „Блу технолоџи“,“Ка-оил“,„Енерџи“ Кавадарци и „РКМ“ ДООЕЛ. Секоја од нив доби различни санкции, но само три од нив добија забрана за работа, односно привремена забрана за компанијата Блу технолоџи, а забрана за работа за компаниите „Санс АГ“ и „Евротим“.

По ова, познаачи прашуваат зошто, ако се утврдени неправилности кај останатите компании тие не добија забрана за работа, или одземање на лиценцата. Се тврди дека ако го кршеле законот и ги лажеле купувачите, а што е најважно го загрозувале здравјето на сите граѓани треба да се санционираат.  Дали надлежните институции направија контрола на складовите на овие компании, за да бидат сигурни дека, доколку продолжат да работат нема повторно да го прекршат законот?

Од ДПИ не одговорија конкретно на прашањето на Фактор кои се другите фирми. 

-Кај останатите шест фирми, Државниот пазарен инспекторат констатираше неправилности во однос на оперативните залихи на мазут и материјалната евиденција за промет на големо. Во однос на овој прекршок, утврден кај посочените шест фирми, ДПИ ја извести Регулаторната комисија за енергетика, која има надлежност во понатамошното постапување и веќе има покренато постапка, велат од ДПИ за Фактор.

Доколку институциите увиделе неправилности во работата должни се да ја известат јавноста преку што ќе ги заштитат потрошувачите.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ