Забрана за визири, шалови и бандани од 1 февруари во Бугарија: Дозволени се само маски
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2021
Носењето визири, шалови, бандани и други марами како заштита од Ковид ќе биде забрането од 1 февруари, на целата територија на Бугарија, соопшти бугарското Министерство за здравство.
Од 1 февруари до 30 април, сите граѓани кои излегуваат надвор односно користат јавен превоз, одат во црквите, музеите, болниците, железничките станици, мора да носат маска за лице. Истото барање се однесува на отворените јавни простории, каде што не може да се избегне гужва. Ова значи дека повеќе не е можно да се користат визири или други средства за покривање на носот и устата наместо маска. Тоа важи и за пртсории внатре кад еима повеќе луѓе.
Исклучоци се дозволени за клиентите во местата за јадење и пиење, за спортистите, за децата до 6 години, како и за говорниците за време на семинари, прес-конференции.