Забрана за возење педалинки на Охридското езеро
Објавено во: Економија 25 Мај, 2018
Посетителите на струшкото крајбрежје ова лето нема да можат да се рекреираат со педалинки, откако Општина Струга со одлука на советот, ја забрани нивната употреба.
Причина за тоа се бројните несреќи со смртни последици изминатите години, вели градоначалникот Рамиз Мерко.
Освен за безбедноста, потребно е сериозно да се размислува и за еколошкиот аспект од употребата на пловни објекти на Охридското Езеро, велат експертите.