ЗАДОЛЖЕНИ ДОМАЌИНСТВА: Четири отсто од семејниот буџет го даваме за кредитни рати
Објавено во: Финансии 15 Август, 2018
Четири отсто од вкупните месечни примања на секое домаќинство македонските граѓани ги даваат за плаќање на кредитни рати, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Овој процент кој расте од година в година ја покажува задолженоста на домаќинствата во земјава.
Освен за храна, комуналии и домување, се повеќе пари одат за плаќање на кредити а парите што влегуваат во домаќинствата најчесто се од плата или пензија.