КРЕДИТИ КАЈ БАНКИ: Се задолжуваме за да го закрпиме животот
Објавено во: Економија 17 Јули, 2018
Потрошувачките кредити имаат предност пред станбените.
Официјалните податоци на најголемите банки во земјава покажуваат дека ненаменските кредити се побарани кај граѓаните.
Она што се гледа од податоците е дека потрошувачки кредити се „дигаат“ за одење на одмор, купување уреди за домаќинство, спремање матурска или свадба, купување половен автомобил, или мало уредување по домот.
Ако се споредат податоците на двете најголеми банки Стопанска банка Скопје и на НЛБ Банка се заклучува дека побарувачката на ненаменски продукти најмногу пораснала лани.
Вкупната изложеност по ненаменски или потрошувачки кредити надминува 656 милиони евра и кај двете банки.