29 Март, 2024
0.0250

ЗАДРЖАНИОТ ДАНОК И ЕФИКАСНОСТА НА ДАНОЧНАТА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на меѓународната економска соработка, односно на деловната соработка на македонските компании со субјекти од странство, претпоставува потреба од соодветна поддршка од страна на државните институции преку намалување на административниот товар на фирмите, поедноставување на процедурите и подобрување на услугите кои ги даваат на приватниот сектор.


Особено значајна за македонските компании е модерната даночна администрација која покрај тоа што ќе ги зголемува сопствените капацитети за ефикасно собирање на даноците и јавните давачки, континуирано ќе работи на капацитетот за обезбедување на висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки,навремено и точно исполнување на обврските. Еден сегмент во кој е неопходно да се подобрат состојбите се постапките поврзани со задржаниот данок.

Освен ако поинаку не е регулирано со меѓународен договор за одбегнување на двојно оданочување кога домашни правни лица, домашнифизички лица-регистрирани за вршење на дејност и странски правни или физички лица-нерезиденти со постојана деловна единица во нашата државаисплатуваат приход во странство, истовремено при секоја исплата на приходот што го остварува странско правно лице должни се да задржат иуплатат задржан данок (withholdingtax) на соодветната уплатна сметка.

Данокот што се задржува се пресметува по стапка од 10%на бруто приходите на странско правно лице од: дивиденди, камати, авторски хонорари, приходи од забавни или спортски активности кои се вршат во нашата држава, приходи од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, приходи од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во нашата држава, приходи од телекомуникациски услуги како и на приход од закуп на недвижности во нашата држава.

Ако примателот на приход врз кој се применува задржување на данок е резидент на странска држава која има договор со нашата држава за одбегнување на двојното оданочување, при исплата на приходот задржаниот данок се пресметува, задржува и уплатува на начин определен со договороте.За да се примени даночно ослободување или пониска стапка која е одредена во договорот со странската држава исплатителот на приходот треба да располага со образец заверен од надлежен даночен орган на странската држава и од Управата за јавни приходи (УЈП) или одобрение за даночно ослободување издадено од УЈП.

Одобрението или решението за одбивање на издавање на одобрение по поднесено барање за даночно ослободување или пониска стапка од страна на исплатителот УЈП е должна да го издаде рок од 30 дена. Исто така, пред секоја прва уплата на данокот по задршка, исплатителите треба да побараат даночен идентификациски број за странското правно лице (остварувач на приходите) од регионална дирекција на УЈП, кој понатаму при плаќањето на данокот по задршка се внесува во налогот за плаќање.

Без да добие даночен идентификациски број и одговор од УЈП (даночно одобрение или решение)компанијата - исплатителне може да ги плати долговите кон странските правни лица, што упатува на тоа дека ефикасното спроведување на постапките поврзани со задржаниот данок се особено важни за македонските компании.

Нивното искуство говори дека постапките се сложени и премногу долго траат (често не завршуваат во рокот кој е предвиден во закон), што доведува до ненавремена исплата на доспеани фактури кон странство, што секако не е во согласност со добрите деловни практики. Поради ваквата состојба, а со цел да не се предизвика застој во работењето кое е условено од плаќање на фактурите кон деловните соработници од странство, македонските компании често пристапуваат кон плаќање на фактурите без спроведена постапка, со што дополнително се оптоваруваат со трошоци за данокот, кој притоа е непризнат трошок. Исто така, забележани се случаи идентични ситуации поврзани со задржан данок различно да се третираат од страна на даночната администрација.

Нашата држава има склучено 48 билатерални договори за одбегнување на двојно оданочување кои предвидуваат одредени погодности за компаниите и придонесуваат за зголемена економска соработката со странски партнери. Спроведувањето на договорите претпоставува ефикасна даночна администрација и услужно ориентиран пристап кон даночните обврзници.

За да се забрзаат постапките поврзани со задржаниот данок неопходно е скратување на рокот во Законот од 30 на 15 дена, ангажирање на дополнителен број даночни службеници кои ќе работат на конкретната проблематика или формирање на посебни организациски единици во рамките на регионалните дирекции во кои е забележан поголем обем на постапки поврзани со задржаниот данок. Потребно е да се разгледа можноста за законска измена во насока на дозволена исплата на приходот кон странскиот правен субјект и пред завршување на целата постапка до добивање на одобрение, а ако дополнително се утврди постоење на обврска за плаќање на задржан данок истата да се плати. Исто така, потребно е да се обезбедат обуки за вработените со цел идентичен пристап при утврдување на задржувањето на даноки овозможување електронско поднесување на сите формулари и барања поврзани со задржувањето на данокот.

М-р Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија