Заедничка литургија на МПЦ-ОА и БПЦ се одличен чекор, смета Јанакиев
Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2018
Следна фаза во зајакнување на односите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ ќе биде заедничко сослужение на светата Литургија / Евхаристија / од претставниците на двете цркви.
Ова е првиот чекор во вистинската насока, а посетата на бугарски митрополити во Република Македонија веќе е порака на позитивни промени, смета бугарскиот теолог и филозоф проф. Калин Јанакиев.
Заедничко сослужение би било јасен знак дека всушност се оди кон некакво решавање на ситуацијата на МПЦ-ОА, за која Светиот Синод изјави дека нејзиното канонско признавање може да се добие само при општа согласност на православните цркви.
Иницијативата треба да ја води Софија. Влегувањето во евхаристиската заедница е можно да се изврши од една единечна земена православна црква, но канонското признавање на МПЦ-ОА е добро да се изврши од сите.
Ова ќе биде тежок процес поради ставот на Српската црква и поради национализмот во Грција, кој ги опфаќа и црковните средини. Ова го видовме многу добро за време на митинзите во Атина и Солун, кои се израз на радикален национализам, вели Проф. Калин Јанакиев, бугарски филозоф и теолог.