23 Април, 2024
0.0271

Заев со германските инвеститори во Влада по „непопуларната“ анкета

Објавено во: Економија 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Зоран Заев и владина делегацација го одржаа четвртиот квартрален состанок со претставници на германското стопанство и компании со германски капитал во Македонија.

„Германија е наш стратешки економски партнер. Тоа го потврдува фактот дека во земјава успешно функционираат 200 компании со германски капитал, кои вработуваат преку 20.000 лица. На Четвртиот квартален состанок со Делегацијата на германското стопанство и компании со германски капитал во Република Северна Македонија потенциравме дека извозот кон Германија бележи раст од 17% и настојувa да расте. Напорно и посветено работиме да ја продлабочиме одличната соработка, потенцијалот е огромен. Отворени сме за влез на нови германски компании во нашиот пазар“, објави Заев денеска.

Средбата доаѓа по анкетата на германската асоцијација на инвеститори за 2018 во која само 5 отсо од нив економската ситуација во земјата ја оценија како добра, а 56 отсто ја оценуваат како лоша. Само 10 отсто од испитаните компании развојот во сопствената бранша го оценија како добар, додека 41 отсто од нив како лош. 

По анкетата, претседателот на асоцијацијата, Патрик Мертенс, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кажа дека имаат добра соработка со Владата и дека сепак не може да се задоволат сите странски инвеститори. 

„Владата е наш партнер меѓутоа треба заедно да работиме за да го задржиме ова ниво. Во рамки на истражувањето имавме исход дека 78 проценти од странските инвеститори велат дека повторно би инвестирале во Македонија. Ова високо ниво треба да го задржите со тоа што ќе работите уште подобро“, изјави тогаш Мартенс.

Вицепремиерот Анѓушев кажа дека јасно виделе во анкетата зошто се лоши податоците од германските инвеститори, но дека ситуацијата не е толку лоша и дека ќе прават анализи и ќе работат на подобрување на состојбата.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска