29 Март, 2024
0.0278

Заев: 5G мрежата ќе има попозитивни ефекти од електричната енергија

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Кога зборуваме за дигитализација како за четврта револуција, 5G-мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија и ќе биде инструмент за трансформација, односно за дигитализација на традиционалните индустрии, истакна денеска премиерот Зоран Заев по потпишувањето на Меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологиите, со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач.

Премиерот нагласи дека со Меморандумот РСМ и САД ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со спроведувањето на 5G технологијата која, како што рече, е во согласност со нашиот национален оперативен бродбенд план што го усвоивме минатата година како наш стратешки документ за новата ера на дигитализацијата на земјата.

Тој посочи дека имајќи ги во предвид предностите на безжичната комуникација од петтата односно 5G-технологијата овој Меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност.

5G ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста што ќе им користат на нашите граѓани и на нашата економија. Зголемените количини на податоци на 5G-мрежите дополнително ќе ги поврзат економиите во светот, вклучително и Република Северна Македонија и САД и ќе ги олеснат прекуграничните услуги и трговијата, образложи Заев.

Премиерот посочи дека РСМ и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5G-базите земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5G-мрежите од неовластен пристап на трети страни.

Крач упати благодарност до Заев за, како што рече, неговата визија, лидерство и пријателство.

Тој нагласи дека мрежите ќе бидат од витално значење за економски просперитет и стабилност во регионот.

Чистата мрежа е сеопфатен пристап да се адресираат долгорочните закани за приватноста, безбедноста, соработката и човековите права, истакна Крач.

Тој посочи дека неговата мисија е да донесе што е можно повеќе приватни инвестиции во РСМ.

„ Мислиме дека можеме да ја контролираме судбината на 5G и ќе ги водиме луѓето кон безбедна и чиста иднина. Меѓутоа, она што е најбитно од се е дека со ова потпишување станува збор за довербата. Довербата е основа во секој однос дали станува збор за деловен, личен однос, всушност купувате од луѓето на коишто им верувате. Станувате партнери со луѓето  на коишто им верувате. Ова значи градење на отворена интероперативна безбедна глобална комуникација која што се базира на споделени демократски вредности во чија основа се наоѓа довербата, заклучи Крач.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење