18 Април, 2024
0.0290

Заев: Ако не успееме до 6 септември, законот за СЈО ќе се донесе на непосакуван начин

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство ќе има иднина, а ако не го изгласаме предло-законот за продолжување на неговата работа до 6 септември постои и непосакуван начин како да се обезбеди неговата иднина, рече премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница одговарајќи на новинарско прашање.

Шефот на Владата го искоментира како скандалозен вчерашниот предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за главен специјален обвинител да биде назначен Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, кој сега е суспендиран поради злоупотреби со делегирање на судии.

„Предложува човек кој манипулирал со системот за респределба и давал предмети на погодни судии. Никола Груевски ќе го предложат ако им дозвола. Се што прават е да се блокира правдата....ако може да ги нема овие 18 предмети би било супер. Не може да се заобиколува правдата. Опозицијата ги постигна своите цели, им ги прифативме забелешките, но не може да се оди преку црвените линии. Си има јавни обвинители и судство за тоа, а не Мицкоски да кажува кој да биде“, рече Заев.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември, а за продолжување на неговата работа е потребно изгласување на нов закон за кој се потребни гласовите на најмалку 80 пратеници. Владата испрати свој предлог-закон во Собранието, според кој СЈо треба да се интегрира во редовното обвинителство, а Советот на јавни обвинители да ја контролира неговата работа и кадровските прашања.

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан