Заев без поддршката од Беса: Нема 2/3 мнозинство за измените после кои ќе бидеме Северна Македонија
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019
Извесно е дека партијата Беса која делува како опозициска во Парламентот, нема да му даде поддршка на премиерот Зоран Заев и владеачката гарнитура за последната фаза од уставните измени.
Точно напладне треба да почне седницата за уставни измени за која требаат 2/3 од пратениците кои ќе гласаат „ЗА“, но сепак она што недостига е само еде пратеник.
Ќе се попишмани ли уште еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ засега е неизвесно а последна шанса за Заев е тому тоа.