24 Април, 2024
0.0276

Заев благодарен на Советот за реформи во правосудство кој доби критики од професорите

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Ако се земе во предвид кратката информација која ја објави владата премиерот Заев е задоволен од досегашната работа на контроверзниот Совет за реформи во правосудството за изработката на Стратегијата за периодот 2017 - 2022“ во која се содржани најзначајните реформи. 

Сепак, ова тело се соочи со повеќе пред се внатрешни проблеми и несогласувања, па така дел од членовите ја напуштија неговата работа и јавно проговорија против сите аномалии и обиди да се наметнат решенија од одредени центри со кои тие не се согласуваа. 

„Воедно премиерот Заев, на 48 седница јавно им се заблагодари за завршената успешна работа на членовите на Советот за реформи во правосудството кој работи во рамките на Министерството за правда, и кои активно работеа на изработка на Стратегијата како обврска предвидена во деловите 3 и 6 од планот 3-6-9“ соопштија од Владата. 

Исто така новитет е и одлуката да се формира ново тело наречено  „Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 - 2022“ со кое ќе претседава лично премиерот Заев како уште една од неговите најново преземени обврски.

Ова ново тело ќе се формира кон крајот на јануари. Претходно во Советот за реформи во правосудството членуваа 22 професори, судии и експерти, но професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ го нарече како декор на Министерството за правда поради хаотичниот принцип на работа. Исто така оставка од овој совет си поднесе и професорката Мирјана Најчевска бидејќи не сака да биде дел од параван кога всушност вистинските одлуки се носеле на друго место. 

Негодувања за работата и изборот на членови на советот имаше и од судската и обвинителската фела.

Ваквите јавни критики досега премиерот Зоран Заев речиси и воопшто и да не ги коментираше.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција