25 Април, 2024
0.0562

Заев: Блиску сме до конечното спроведување на договорот со Грција

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

-Работевме многу на овој договор со премиерот Ципрас и со нашите тимови. Секако огромна беше поддршката од нашите пријатели од ЕУ, НАТО и од останатите од меѓународната заедница. Од голема важност во постигнувањето на пријателската атмосфера за време на одржувањето на преговорите беше блискоста на нашите политички определби, социјал-демократските и социјалистичките политички концепти на колегата Ципрас, и моите. Сега сме блиску до конечното спроведување на договорот со Грција и очекувам пратениците во Собранието да ја верификуваат историската димензија на овој процес, рече премиерот Заев кој на покана на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), беше говорник на панелот посветен на новите лидери на Европа што денеска се одржа во Лисабон, Португалија, во рамките на неговата дводневна работна посета на оваа земја.

Како што соопшти владината прес-служба, на панелот, кој го модерираше новоизбраниот претседател на ПЕС, Сергеј Станишев, поранешен премиер на Бугарија, и на кој учествуваше и министерката за европски прашања на Шведска Ан Линде, премиерот Заев во излагањето накусо ги опиша настаните и причините кои ги предизвикаа, и кои „заробената држава“ Република Македонија, каква што ја препознаваа европските и светските лидери до 2016 година, ја вратија во редот на демократските и напредни земји. Со огромната поддршка на изборите во 2016 година, на политичката сцена на земјата започна делувањето на новата владејачка коалиција предводена од СДСМ која, рече, ја врати надежта, ги отвори и забрза евроатлантските процеси кои беа блокирани и ги продлабочија разликите меѓу соседите во регионот.

-Паралелно со домашните реформи, високо во приоритетите ги ставивме и прашањата на добрите меѓусоседски односи. Уште во првите три месеци го потпишавме Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија. Нашите политички опоненти жестоко реагираа, но народот виде дека договорот е добар. Наскоро дојдоа и резултатите. Економската соработка доби на динамика. Проектите на културен план, во образованието, меѓуграничната соработка, покажаа дека она што дотогаш сме го имале било само загубено време и пропуштени можности, нагласи претседателот на Владата на РМ, Заев.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“