29 Март, 2024
0.0262

Заев: Целта на нашите мерки е да се спречи губење на работни места

Објавено во: Македонија 29 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во денешното интервју за „Фактор“ вели дека предлогот на владеачката партија за кратењето на платите во јавниот сектор за време на кризата со епидемијата е со цел да се спречи губењето на работните места. Ова лидерот на СДСМ го коментира како одговор на жестоките реакции од синдикатите, кои велат дека на овој начин ќе се удри по најсиромашните слоеви од јавниот сектор, односно за оние кои и онака досега имаа пониска од просечната плата.

- Ние сме демократско општество и секој има право да го каже своето мислење, став и да даде предлог. Но, поради специфичноста на ситуацијата, сметам дека треба искрено да се настапува пред граѓаните. Ако се погледнат мерките може да се види, дека сосема спротивно, целта на нашите мерки е да се спречи губење на работни места, да се спречи луѓе да немаат приход, да останат и без работа и без егзистенција, но и да не се загрози одржливоста на буџетот, вели Заев.

Тој им порачува на синдикатите дека со тоа им се помага и на оние кои поради тоа што не работат заради коронавирусот, се соочени да не добијат никава плата во следните месеци.

- Мораме да мислиме на сите, и тие да добијат барем минимална плата, за да имаат што да трошат, да си обезбедат храна за себе и своите семејства во овие кризни времиња. Ред е во духот на солидарноста секој да помогне на секого. Работникот од јавниот сектор да му помогне на работникот во приватниот, на пример. Затоа што администрацијата се финансира доминантно од приватните бизниси. Затоа, подобро е два месеци да се издржи и да се стиснат заби, отколку да се доведеме во ситуација, државата да нема пари да ги финансира основните функции, додава Заев во одговорот на прашањето.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење